Здравје // Исхрана
Дали е добро да јадете бананa за појадок?
Бананите се одлични, богати со калциум, влакна и магнезиум, но и многу практични за појадок, потребно е само да ја излупите и изедете. Ова е точно, но можеби има подобар избор од бананата за појадок.
Таа дава енергија, што наутро е сосема добро, но тој полет не трае долго.
Сепак, постои начин од бананата да се извлече само она што е најдобро.
Четвртина од ова овошје е шеќер, а покрај ова бананата предизвикува киселост во телото.
Секогаш комбинирајте ја со други намирници, но не со било кои. Ако бананата ја изедете со здрави маснотии и одредени зачини, ќе ја неутрализирате киселоста и ќе го спречите порастот на инсулинот.
Обидете се со кокосово масло, ленено или чиа семе, куркума и цимет.