Дали е ова најевтиното место во Грција? Продаваат храна и пијалоци, а ништо не е поскапо од 2,5 евра
Цените на храната и пијалоците се пониски и тешко можат да се споредат со другите цени во Грција
Од почетокот на летото сите зборуваме за високите цени во Грција, Хрватска и Црна Гора, омилените дестинации за одмор на na[ite граѓани. Сепак, не е сè толку црно, во основа - скапо.
Иако инфлацијата ги погодува сите делови на планетата, вклучувајќи ги и најомилените летни дестинации, во овој бар на плажа во Ханиоти, на источниот брег на Касандра, времето се чини дека застанува.
- Кој е во Ханиоти мора да знае за овa. Може да се плива на плажа околу хотелот, комплет лежалки 10 или 12 евра. И тука можете да јадете и пиете на убав, квалитетен и достапен начин. Да се носите на плажа - вели еден член на грчката инфо група.
Така омиленото летно кафе за туристите во Грција, познатото фрапе, чини само 1,5 евра, што е иста цена како шолја еспресо и домашно кафе, леден чај и газиран пијалок. Капучиното е нешто поскапо, бидејќи чини 1,7 евра, а со цена од две евра најскапи се ладното еспресо и ладното капучино.
Најскапите ставки на менито се ладно чоколадо и свежо цеден сок од портокал, кои чинат 2,5 евра. Пиво од 330 милилитри чини 1,8 евра, а пиво поголемо од половина литар 2,5 евра. За шише вода се бара половина евро.
Дури и храната не отстапува многу од овие цени. Така, сендвич чини 2,5 евра, парче пица и крофна 1,7 евра, а хот-дог 1,5 евра.
Извор: biznis.telegraf.rs