Дали е поисплатливо да се купи ново или половно возило?

Веднаш по недвижностите, купувањето на нов автомобил претставува една од најголемите одлуки кои ги носите воВашиот живот. Постојат голем број на алтернативи во даден буџет, што дополнително ја отежнува одлуката...

Одлуката за купување на возило се носи во три фази:

·Одлука за буџет и финансиска конструкција

·Одлука за ново или половно возило

·Одлука за бренд/модел

Бидејќи буџетот е индивудуален за секој купувач, целта е да Ви помогнеме во одлуката дали да се набави ново или половно возило, заедно со стручната помош на нашите пријатели од Olympia Motors Outlet. ОМО е компанија за продажбанаполовнивозилакојасвојотбизнисгоградиврзпринципитенаодговорност и грижа за човекот, општеството и природата. Станува збор за сестринска компанија на Олимпиа Моторс, кои се овластени за сервис на OPEL возила, 

Во насока на помош при одлучувањето, ги наведуваме главните предности кои Ви ги нудат половните возила:

* Пониска продажна цена – споредено со нови возила, цената може да биде пониска меѓу 20-40% за возило старо до 5 години

* Помала крива на опаѓање на вредноста на возилото – новите возила ја губат својата вредност веднаш штом излезете од салонот. Со половно возило, цената има помал процент на опаѓање, а со тоа и повисока продажна цена во иднина

* Проверени модели тестирани на пазарот – бидејќи моделот кој го купувате е одредено време присутен на пазарот, веќе се знаат потенцијалните маани или фабрички дефекти за серијата

* Пониски трошоци за осигурување 

Сепак, купувањето на половен автомобил знае да биде напорен процес, бидејќи мора да се проверуваат поголем број на механички и каросериски елементи. Со искуството досега, ОМО како продажен салон за половни возила Ви нуди:

Широк спектар на брендови– возила од најпопуларните брендови, вклучувајќи и водечки возила од Opel и Chevrolet

Полесно финансирање– за да помогне во изборот на посакуваниот модел, одделот за финансии се грижи за најоптималното решение и заштеда на вашите пари

Комплетна сервисна историја на секое возило – сервисерите со долгогодишно искуство од сервисот на Олимпиа Моторс се грижат за целосна проверка на возилото од механички и каросериски аспект

Увоз од сертифицирани компании- експертски извештаи на исправност од DEKRA, MacAdam, SGS или други реномирани институции

Една од предностите со половен автомобил е можноста да го купите моделот од Вашите соништа во рамки на постојниот буџет. Токму ОМО има програма за понуда на половни возила од својата ПРЕМИУМ програма, вклучувајќи брендови како Mercedes, Audi, BMW, Volvo и многу други.

Како компанијата со корпоративна политика насочена кон подигнување на еколошката свест и заштита на животната средина, ОМО неодамна гордо ја претстави новата програма за увоз на половни електрични возила. Ова се модели кои се веднаш достапни на пазарот и нудат голем број на бенефити наспроти стандардните возила со мотор на гориво.

Всушност, ОМО го инсталираше и првиот полнач за електрични возила на својата локација на бул. Јадранска Магистрала 125, а е и единствен увозник на најквалитетните полначи за електрични возила KEBA.

Доколку сте заинтересирани за набавка на половно возило, слободно посетете ја веб-страната на ОМО, контактирајте ги на +389 (0) 2 2600 800| 075 216 809 | 070 288 037 или посетете го нивниот продажен салон.


ПР објава