Дали Карлеуша ѝ порача на Цеца: Зошто да не или зошто не!

Веќе и децата знаат дека најголемите Балкански диви Јелена Карлеуша и Цеца се судат повеќе од деценија. Навреди, клевети, сопки, интриги... Сето тоа низ годините беше изнесено во судот, а тој пресуди неколку пати во корист на Цеца.

Јелена на последното судење се појави во јакна на која пишува „Why not“ кој обожавателите ја протолкуваа како „Зошто не“ или „Зошто да не“.

Јасно е дека испрати порака со ова, но каква веројатно ќе се произнесе на Инстаграм, како што обично тоа и го прави.