ДАЛИ КОНСУМИРАЊЕТО АЛКОХОЛ ГО УБИВА КОРОНАВИРУСОТ?
Многумина, ширењето на коронавирусот почнаа да го користат како изговор за почесто да пијат алкохол ...
Многу луѓе и овде се водени од логиката дека ќе бидат позаштитени и поздрави доколку пијат малку ракија или некој друг алкохолен пијалок секој ден, затоа што веруваат дека алкохолот во пијалоците го убива вирусот и со тоа ја дезинфицираат устата и така се штитат од коронавирусот.
Иако ова е делумно точно, истражувањата откриле дека короната може да ја убие само 70% или посилен алкохол, а едноставно нема толку многу проценти на алкохол во алкохолните пијалоци. Сепак, лекарите предупредуваат дека дури и ако ракијата и алкохолот ја убијат короната, повторно тоа не би помогнало многу во ваша заштита ако не се придржувате до санитарните нешта. Валканите раце се причина за зараза во 70% од случаите, така што дезинфицираната уста нема да ви помогне ако го допрете лицето со заразени и валкани раце.
Миењето на рацете е најдобриот начин за да се избегнат вирусите, како и често да се дезинфицираат работи што постојано ги допирате, како што се рачки, управувачи и мобилни телефони. Се разбира, изолирањето и одвојувањето од другите луѓе е исто така вистинскиот начин да се заштитите, бидејќи со тоа се намалува контакт со вирусот.
Затоа, не се опивајте и не претерувајте со алкохолни пијалоци затоа што тоа нема да ве заштити, имајте ја предвид вашата хигиена и останете дома, со што ги минимизирате шансите да добиете ваков проблематичен вирус.