ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ-Трета епизода: Скопје наскоро град со милион жители- лошо испланирана урбанизација

„Паметна урбанизација или непромислена бетонизација“- вака насловена заврши третата епизода од серијалот „Дали личиме на ЕУ“ документарни филмови на Балкон 3. Скопје е брзорастечки град веќе седум децении. Додавајќи по стотина илјади нови жители на секои десет години, градот и регионот околу него, скопската котлина, се се поблиску до тоа да станат дом на еден милион луѓе. Но, во последните дваесетина години, растот на Скопје се одвива токму на начинот што се смета за најштетен – со згуснување на урбаните зони.

Дали станува збор за пренаселеност или само за лошо урбанистичко планирање, откриваат податоците. 84.516 станови се изградиле во земјава од 2005 до 2019. Од нив, 37.587 се во Скопје и уште 3.606 во околните општини на скопскиот регион. 49% од сите станови во последните 15 години се направени во подрачјето на главниот град.

Кои се разликите меѓу Скопје и Минхен во однос на урбанизацијата? 

Искра Јанковска Михајловска, архитект и активист на Здравје пред профит во Центар: Скопје не е пренаселен град. Во моментов е лошо испланиран. На некое детско игралиште, ако вашето дете не може да дојде на ред за лулашка, тоогаш имаме погрешна урбанизација. Ако не можете да се паркирате на местата предвидени за вашата зграда, и тогаш говориме за погрешна урбанизација. Кавгите со соседите и нервозата која ја создаваат за обични секојдневни потреби се неминовни.

Елизабет Мерк, раководителка на секторот за урбанистичко планирање на Минхен: Кога еден град ќе порасне за 300.000 жители за 20 години, тоа значи дека ни треба нова социјална инфраструктура, градинки, училишта, болници, но исто така зелени и слободни простори, како и еколошка одржливост. Јавен простор. Какви можности ќе имаат луѓето за да го поминат
своето слободно време блиску до дома? Здравиот урбан развој игра многу голема улога.

Целата епизода во продолжение: