Дали лутата храна помага во процесот на слабеење?
Многу велат дека лутите намирници ги топат килограмите, но дали е тоа точно?
Сигурно сте слушнале од многу дека лутата храна има доста добри користи за нашето тело и како може да ни помогне да ослабнеме и да ги намалиме килограмите. Истражувавм ешто милсат нутриционистите за ова и дали воопшто се сложуваат.
Тие тврдат дека во лутата храна, како што се лутите пиперки единствено се наоѓа капсаицин. Капсаицинот го забрзува метаболизмот, го шири крвотокот и генерално доведува до трошење на мастите. Исто така, капсаицинот доведува и до генерирање на топлината на телото, што не тера да се потиме и на тој начин дополнително да ги отфрлиме токсините од телото и вишокот на масти.
Сепак, нутриционистите велат дека дејството на капсаицинот не може да биде доволен за да губиме килограми. Количината на капсаицин која ја врнесуваме преку лутата храна е многу мала, и единственото нешто кое може да го овозможи е олеснување при процесот на губење на килограми, за кој мора сами да си внимаваме. Тоа значи дека тренингот и теретаната се задолжители, како и умерната и добро избалансираната исхрана.
Нутриционистите исто така не препорачуваат да ја зголемиме количината на лута храна само за да го зголемиме количеството на капсаицин во нашето тело, бидејќи така може да му наштетиме на нашиот желудник и да си направиме нови проблеми со кои ќе треба да се бориме.
Па, може да заклучиме дека лутата храна може да ви помогне и да ви го убрза процесот на слабеење, но само ако тренирате и ако правилно се храните, без тоа нема да имате никаков ефект.