Дали мажите треба да се стрижат на „КЕЦ“?
Кец фризурата е дефинитивно омилена кај мажите бидејќи е најлесна за одржување, може дома да се изведе стрижењето со машинка и е одлична за топлото време. Како и да е, прашањето е, дали оваа фризура ги истакнува најдобро мажите и дали мажите навистина треба да ја потстрижат косата вака.
Ги баравме одговорите на експертите:
Ван Капричиано, фризер и основач на фризерските салони Tribe Barber, вели дека оваа фризура е добра само за деца и ќелави мажи. "Ова е фризура која им одговара на децата кои се обидуваат да изгледаат опасно. Меѓутоа, ако веќе ќелавите и немате многу коса на главата, подобро е да се потстижете на кец, отколку да имате ретка проќелавена фризура".
Џесика Канди има поинакво мислење: „Оваа фризура може да го подобри агресивниот изглед на мажот и да ги натера да изгледа машки. Само погледнете колку познати мажи ја носат оваа фризура. Ако ги сакате карактеристиките на опасен човек, тогаш ова е фризура за вас “.
Ние сметаме дека оваа фризура немаше да биде толку популарна ако не беше добра. Таа е едноставна и убава на изглед, но сепак, оваа фризура нема да одговара на сите. Ако имате круно тело и имате тркалезнолице, оваа фризура ќе ви стои добро, сепак, ако сте потенки и имате издолжено лице, тогаш подобро е да изберете друг стил на фризура.
Се разбира, ова е ултимативна пролетно- летна фризура, бидејќи се суши брзо и никогаш не може да се расипе.