Дали мажите и жените можат да бидат само пријатели?
Научниците се обидоа да одговорат на ова прашање...
Чуден е пријателскиот
однос помеѓу мажите и жените. Иако, сме свесни суштества, во нас постојат
инстинкти кои често знаат да бидат посилни од нашата свест, па токму поради таа
причина многу често може да слушнете дека некој се заљубил во својата најдобра
другарка. Всушност, поради тоа многу сметаат дека мажите и жените не можат да
бидат само пријатели и дека во ваквите односи, кога тогаш се јавува некој вид
на привлечност.
Научници од Универзитетот во Висконсин, се обидоа да одговорат на ова прашање и да проверат дали е тоа навистина точно. Професорката Ејприл Рехер, била задолжена за оваа задача и сите истражувања биле направени од неа, каде таа сакала да открие како се чувствуваат мажите и жените во мешовити пријателства.
Резултатите покажаа многу интересни работи. Дури 49% од мажите признале дека чувствуваат некој вид на привлечност кон својата пријателка, додека само 29% од жените го тврди истото. Ова ни покажува дека мажите се тие кои во поголемиот број на случаи се заљубуваат во своите пријателки и дека они се тие кои не можат да се задржат само на пријателскиот однос.
Меѓутоа, постои уште еден многу интересен факт. Ако се работи за личности кои не се гледаат многу често и кои не се најдобри пријатели, привлекувањата се вбројуваат како многу малку и ретко преминуваат во нешто повеќе. Но, кога мажот и жената се пријатели и кога се во секојдневен контакт, тогаш е многу голема веројатноста дека ќе се разбуди некоја емоција, која подоцна може да прерасне во однос кој ќе биде многу посилен и поголем од обичното пријателство.
Па, како што знаете, многу е тешко да се одговори на ова прашање – дали мажите и жените можат да бидат пријатели?
Професорката Ејприл тврди дека можат, но дека и во тие пријателства секогаш постои умерена доза на привлекување и љубовни емоции.