Дали некогаш помисливте за што служи заштитното капаче на шишето од масло? Не фрлајте го! (ВИДЕО)

Најпопуларните и најгледаните видеа на интернет се секако мали кујнски трикови кои поедноставуваат некои секојдневни активности за домаќинките и љубителите на готвењето.

Едно видео го прикажа хрватска корисничка на социјалната мрежа ТикТок @saravlahvurusic, а се работи за шише со масло и неговото заштитно капаче. Повеќето од нас при отворањето на шишето масло го вадат заштитното капаче и го фрлаат во ѓубре, а Сара во своето видео покажа за што всушност се користи.


Наместо да го фрли за рециклирање, заштитниот пластчен отвор со делот за повлекување таа го сврте „наопаку“ и повторно го стави на отворот на шишето.

Потоа покажа дека вака поставено капачето го намалува и контролира млазот на масло.

Овој едноставен трик сигурно ќе ни помогне на пример кога зачинуваме салата да го користиме капачето наместо прсти како што прават многумина од вас.