Дали редовно јадете индиските ореви и како влијаат на вашиот организам?
Индискиот орев е сладок и киселкаст по вкус и е многу богат со витамин Ц. Сигурно сте забележале дека индиските ореви на полиците во продавниците се продаваат исклучиво во прочистена состојба, поради фактот што под нивната обвивка има токсични масла кои можат да предизвикаат изгореници во контакт со кожата на човекот.
Корисни својства на индиските ореви:
1. Индиските ореви се многу познати по своите хранливи материи, кои се во состојба да ги компензираат изгубените функции на телото. Индиските ореви се користат како додатоци во храна за анемија, разни дистрофии, психо - емоционални нарушувања. Исто така, индиските ореви ја враќаат функцијата на гонадите, го промовираат ослободувањето на полови хормони и се природен афродизијак.
2. Индиските ореви се препорачуваат кога имате пореметување во метаболизмот, бидејќи го нормазираат нивото на холестерол во крвта, добри се за превенција при згрутчување на крвта и емобилија и секако го јакнат нервниот систем.
3. Индиските ореви имаат антисептички и антибактериски својства, тие се земаат при настинки или бактериски инфекции.
4. Хранливите материи и витамините, влијаат на воспалените процеси во горниот дигестивен тракт и ги елеминираат.
Штета и контраиндикации:
Морате да бидете многу внимателни и ова се однесува на сите ореви, вклучувајќи ги и индиските, доколку имате алергиска реакција на храна. Дневно не би требало да земете повеќе од триесет до педесет грама. Но, во основа тоа не е поради алергија. Не заборавјте дека овој производ е високо - калоричен. Доколку земате преголема количина, може да дојде до појава на осип, чешење, отоци и така натаму. Ова може да доведе до алергија на ореви, не само на индиските ореви, туку и на другите видови. Индиските ореви се користат за лечење на болести со кардиоваскуларниот систем, но бидете внимателни со конзумацијата, за да не го оштетите имунолошкиот систем.