Дали спиењето со запалено светло е опасно?
Нашето тело е програмирано да стане поспано при недостаток на светло.
Поради својата природа, ние сме луѓе кои преку денот се будни и кои ноќе заспиваат. Меѓутоа, поради огромното присуство на вештачки светла кои не окружуваат, нашиот биоритам може да се наруши.
Докторите објаснуваат дека дури и малите количини на светло можат да го нарушат нашиот сон, што доведува до проблеми со работата на срцето и мозочните функции. Ситните извори на светло како што се уклучен телевизор, столна ламба, па дури и светилки кои се наоѓаат на улицата можат да влијаат врз нарушувањето на вашиот сон, па затоа потрудете се да спиете во што помрачна просторија.
Ако морате да се оставите некое светло запалено, тогаш преку очите ставете маска за спиење, која ќе ја спречи светлината да дојде до вашите очни нерви. Исто така, можете да оставите запалено светло во црвена боја, бидејќи докторите велат дека само сцрвената светлина нема никакво влијание врз сонот и не придонесува за неговото нарушување.