Дали сте за Мерцедес од бело злато?

Автомобил кој според се, е премногу и за најбогатите.

Шеиците од Емиратите се натпреваруваат едни со други за подобри, поскапи и поексклузивни автомобили, но овој Mercedes SLS AMG е премногу, дури и според нивните стандарди.

Специјален неверојатно уникатен „Мерцедес“. До сега е фотографиран само во Дубаи и се претпоставува дека му припаѓа на некој милијардер кој е вклучен во нафтениот бизнис. Но, иако името на сопственикот е непознато, другите карактеристики се повеќе од познати. Оваа бесценетост се напојува со quad-turbo мотор со моќност од 1600 КС, кој му овозможуваат да помине на 1/4 милји (околу 400 метри) за помалку од 7 секунди, додека потребни се околу 3 секунди за да достигне 100 на час. Но, најинтригантното нешто околу тоа е што изгледа како да е обложен со бело злато.

Иако експертите велат дека ова не е можно затоа што белото злато би можело да се стопи на тропски температури, ние не се сомневаме дека некој го решил овој проблем за пари. А и според цената изгледа ќе да е сепак од злато. Изнесува 10 милиони долари.