Дали ви се познати Хенри и Рејчел: Гледате во нив! Малку се знае ова за Хари и Меган

Ова сигурно не го знаевте...

Познатите не се разликуваат многу од нас - доколку ги занемариме фактите дека имата милиони, добиваат покани за ВИП забави и имаат можност без проблем да го променат името. Во продолжение ви ги откриваме вистинските имиња, кои нашите омилени познати личности ги имале пред да станат популарни. За оваа промена постојат различни причини, но како и да е погледнете ги вистинските 10 познати имиња кои сигурно ќе ве изненадат.

Принцот Хари и Меган Маркл

Двата члена на овој кралски пар се родени со сосема поинакви имиња. Вистинското име на Хари е Хенри Чарлс Алберт Давид, а Хари му е само прекар. Првото име на неговата сопруга е всушност Рејчел, а Меган е нејзиното средно име.

Eштон Кучер 

Неговото вистинско име всушност е Кристофер, а мораме да признаеме дека средното име - Ештон му одговара повеќе.

Луси Хејл

Оваа „слатка мала лажга“ е родена под името Карен Лусил Хејл, но подоцна таа одлучила да го скрати, па затоа сега е позната само како Луси.

Џон Леџенд

Името на Џон е навистина Џон, но неговото вистинско презиме Стивенс решил го промени со сегашното легендарно презиме.

Рис Витерспун

Познатата русокоса од раѓање има добиено друго име - Лора Џин Рис Витерспун, па потоа решила да го скрати и да ги исфрли првите две имиња.

Пинк

Секако, не ни помисливме дека популарната пејачка од раѓање го има ова име, но мора да признаеме дека овој кул прекар звучи многу подобро од нејзиното вистинско име - Алисија Бет Мур.

Бела Хадид

Вистинското име на оваа убавица е Изабела Каир Хадид. Иако бела е пократко и позвучно, нејзиното вистинско име исто така звучи убаво и егзотично.

Камила Кабелјо 

Целосното име на познатата пејачка и е Карла Камила Кабелјо Естрабао.

Кевин Џонас

Сите од мали нозе знаат за Ник, Џо и Кевин. Но, малку кој знае дека вистинското име на најстариот брат е всушност Пол Кевин Џонас II.

Лизо

Оваа популарна пејачка и раперка е родена со името Мелиса Вивијан Џеферсон, а Лизо е и е прекар од детството кој е идеален за неа.