Дали во зима треба да се избегнува перење на автомобилот? Одговорот ќе изненади многумина, а еве на што треба да обратите посебно внимание
Дали зимата треба да се избегнува перење на автомобилот? Одговорот ќе изненади многумина, а еве на што треба да обрнете посебно внимание
Дали некогаш сте се запрашале дали треба поретко да го миете автомобилот во зима или дури и да го избегнувате? Мислењата за ова се различни - од добронамерни препораки што почесто да ја посетувате пералната за автомобили до совети да ги избегнувате бидејќи може да го оштетите вашето возило.
Според советите на германската ADAC, најголемата европска автомобилско-моторна асоцијација, во зимските месеци автомобилот треба да се пере често како и во лето. Значи, измијте го според сопствената перцепција за чистотата, односно кога ќе почувствувате дека е време за чистење.
Иако постои теорија дека автомобилот е повеќе склон на корозија поради влажните патишта и солта во зима, тоа е точно само во случај на претходно оштетени делови. Новите и сочувани автомобили без проблем ги одбиваат нападите на нечистотија.
Меѓутоа, дали постои опасност при перење на автомобил во зима? Одговорот е дека има, особено при екстремни температури од минус 10 и пониски, бидејќи тогаш топлата вода доаѓа во контакт со деловите од автомобилот кои штотуку биле изложени на мразот.
Иако гумените и пластичните делови нема да бидат оштетени, може да настрадаат претходно оштетените или обоените површини.
Завршна забелешка - пред да влезете во автоперална отстранете го целиот преостанат снег и мраз бидејќи четките можат да ги повлечат како шкурка по телото и да предизвикаат видливи оштетувања, пишува Јутарњи лист.
Фото: unsplash