Дали знаете каде се наоѓа точно Газа: Изралеско- палестинскиот конфликт повторно се разгори во подрачјето

Појасот Газа е крајбрежен појас на источниот брег на Средоземното Море. На југозапад се граничи со Египет, а на север и исток со Израел. Долг е 41 километар, а широк од 6 до 12 километри. Вкупната површина на појасот изнесува 360 квадратни километри. Називот на појасот доаѓа од најголемиот град, Газа. Има околу 1,4 милиони палестински жители.

Појасот Газа е дел од Палестинската самоуправа.

Израел на 12 септември 2005 година го заврши повлекувањето на 8-те илјади израелски доселеници во Појасот и по 38 години го заврши своето воено владеење со Појасот.

Сега повторно ескалира состојбата.

Израел во петокот употреби тешка артилерија и изврши неколку воздушни напади врз палестинските милитанти во Појасот Газа поради постојан ракетен удар длабоко на израелска територија.

Како што започнаа непријателствата петтиот ден, без знаци на опаѓање, израелската армија кратко по полноќ соопшти дека воздушните и копнените сили ја напаѓаат енклавата предводена од Хамас.

Иако во соопштението не беа дадени други детали, дописниците на израелските воени весници, кои редовно известуваат за вооружените сили, велат дека не станува збор за копнена инвазија и дека војниците биле мета на артилерија од израелската страна на границата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот рече дека кампањата „ќе трае долго“. Израелските власти изјавија дека на Хамас, најмоќната милитантна група во Газа, мора да му се зададе силен одвратен удар пред каков било прекин на огнот.