Дали знаете што означува овој македонски симбол?

Воената хиерархија на Македонската армија се состои од разни чинови. Тие потпаѓаат во четири главни групи, зависно од положбата и функцијата: генерали, офицери, помлади војници и војници

Единствениот знак за припадност на Армијата, претставува стилизирано сонце со дванаесет краци во златна боја, а во средината на сонцето е прикажана апликација на државното знаме во кружна форма во пропишани бои.

Може да биде составен елемент и на други ознаки за униформите на Армијата или аплициран на галантеријата која е составен дел од СЛУ и СВУ.

Се поставува на баретка, шапка, капа со стреа и  шешир, самостојно или како составен дел од другите ознаки за командите и единиците на Армијата. 

Неговата изработува може да биде со лиење во метал, везење или ткаење.

Покрај целокупната македонска армија која мора да има ознаки, највисоките македонски воени чинови имаат најинтересни ознаки и се разбира- ѕвезди. Што повеќе ги има, тоа е чинот повисок.

Па така, ознаката за чинот бригаден генерал се состои од отворен венец од тутунови лисја со елипса во средината и една осумкрака ѕвезда. 

Ознаката за чинот генерал-мајор се состои од отворен венец од тутунови лисја со елипса во средината и две осумкраки ѕвезди, вертикално поставени над елипсата. 

Ознаката за чинот генерал потполковник се состои од отворен венец од тутунови лисја со елипса во средината и три осумкраки ѕвезди, вертикално поставени над елипсата. 

Ознаката за чинот генерал на Армија (највисокиот чин) се состои од отворен венец од тутунови лисја со елипса во средината и четири осумкраки ѕвезди, од кои првите две ѕвезди се хоризонтално поставени над елипсата, третата ѕвезда е на средина над двете ѕвезди, а четвртата ѕвезда е во продолжение на третата ѕвезда.

Еве како тоа изгледа: 

 Во продолжение, ознаките и чиновите на останатите припадници на нашата армија: 

Н.Т.