ПОМАЛКУ ДОМАШНИ, ПОВЕЌЕ СТРАНСКИ ТУРИСТИ: Турци, Срби, Германци ја посетиле Македонија

Статистиките покажуваат раздвижување во туристичкиот сектор.
Во првата половина од годинава Македонија ја посетиле 520.861 туристи, што е за 13 отсто повеќе од истиот период лани, обjaви Државниот завод за статистика(ДЗС).
Во периодот јануари – јуни регистрирани се 125.306 домашни туристи, што е за 2,5 отсто помалку од истиот период лани, додека странските доаѓања се зголемиле за дури 19,7 отсто или вкупно 395.555 туристи.
Туристите во овој период оствариле 980.246 ноќевања, што претставува раст на годишно ниво од 8,5 отсто.
Кај домашните туристи има намалување за 1,1отсто, а кај странските има зголемување за 13,3 отсто.
Бројот на туристите во јуни 2025 година изнесува 126.415, од кои 20,1 отсто се домашни туристи, а 79,9 отсто се странски туристи.
Позитивни бројки се забележани и кај ноќевањата. Во јуни се забележани 243.157, од кои 26,7 отсто се на домашните туристи, а 73,3 отсто на странските туристи.
Во јуни најбројни биле туристите од Турција (34.366), а потоа следат Србите (8.897), Германците (8.011) и Холанѓаните (3.604).