Даниел Николовски – црна елеганција на белите скали на Миконос

Познатиот македонски стилист за коса и шминка, Даниел Николовски, и ова лето знае како да го спои стилот и моментот. Сликан на култните бели скали на Миконос, облечен целосно во црно, тој уште еднаш покажува дека минимализмот може да биде и најгласната модна изјава.

Со широка насмевка и став што зрачи самодоверба, Даниел испраќа јасна порака – модата не е само облека, туку и енергија, став и моментот во кој се наоѓаш. 

„Кога насмевката ви е толку широка што ниту самите не сте знаеле дека може да биде, тогаш знаете – сте на право место, во право време“, напиша тој на социјалните мрежи.

Овој изглед е уште еден доказ дека вистинскиот стил доаѓа кога ќе го прифатите сопствениот идентитет и ќе го носите со гордост – без претерувања, но со максимален ефект. На Миконос, меѓу бели ѕидови и медитерански ноќи, Даниел Николовски уште еднаш ја потврдува својата улога на моден инспиратор за многумина.



3 машки модни совети инспирирани од Даниел

  1. Моќта на монохромијата – Комбинирањето на целосно црна облека не е досадна ако играш со текстури и кроеви. Едноставноста често изгледа најлуксузно.

  2. Аксесоар со карактер – Еден впечатлив часовник или накит може да ја подигне целата комбинација без да ја преоптовари.

  3. Ставот е клучен – Како ја носите облеката е исто толку важно колку и што носите. Самодовербата е најдоброто модно парче што можете да го „облечете“.


РММ/ИС