Данијела Мартиновиќ за љубовта со криминалистичкиот инспектор: Ние сме многу повеќе од убава двојка
Пејачката не крие колку е среќна и заљубена...
Пејачката Данијела Мартиновиќ по разделбата со Петар Грашо заплови во љубовен однос со криминалистичкиот инспектор Јосип Плавиќ. По 24 години љубов со колегата, Данијела е подготвена повторно да сака и не крие колку е заљубена.
„Јосип и јас сме повеќе од убава двојка. Но, кога станува збор за мојот приватен живот, не сум мнгу добра во разговорот, но навистина сум исклучително среќна. Јосип е моето пристаниште“ - изјави Данијела за хрватските медиуми.
Првите искри помеѓу Данијела и Јосип се појавиле пред една година, кога пејачката поднела пријава за кражба на идентитет преку интернет.
„Случајот беше брзо решен, а потоа почна да се развива нашата приакзна. Сѐ започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Кога се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, погледи за животот и светот околу нас, дури и некои соништа“ - изјави неодамна Данијела за еден хрватски медиум.
За потсетување, по разделбата со Данијела, Грашо заплови во врска со Хана Хуљиќ, со која ја доби и ќерката Алба, а љубовта ја крунисаа со брак.
фото: Принтскрин / Инстаграм