Дедо Мразовци го „освојуваат“ Пакистан во необична божиќна прошетка: Наместо санки, го искористиле ова! ВИДЕО

Во главниот град на Пакистан, Исламабад, се одржа божиќен собир, а мажи облечени како Дедо Мраз шетаа по улиците на камили.

Наместо на санки, Дедо Мразовците јаваа камили додека пееја традиционални божиќни песни за да ги прослават празниците, објавија светските медиуми.

Камилите одеа со ѕвончиња на нозе меѓу мотоцикли и автомобили на една од најпрометните улици на пакистанскиот главен град.

Христијаните формираат значително малцинство во оваа јужноазиска земја, претставувајќи околу 1,37 проценти од населението, според пописот на пакистанскиот Завод за статистика од 2023 година.



РММ/ИС - ФОТО: принтскрин јутјуб видео