Дејвид Бекам - икона на стилот во ужас издание: Сите му се смееја

Познатата Британка минатиот викенд организираше модна ревија чии единствени гости беа членови на нејзиното семејство - сопругот Дејвид, синовите Круз и Ромео и ќерката Харпер, додека  Бруклин беше отсутен.

Поради пандемијата на коронавирусот, Викторија не можеше правилно да ја претстави својата колекција, па нејзините најблиски беа единствени гости, кои со гордост на Инстаграм ги споделија фотографиите што ги направија по тој повод.

View this post on Instagram

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on



Бекамови позираа весело за поддршка на својата мајка и сите се обидоа да изгледаат извонредно и трендовски, со тоа што Дејвид можеше да избере друг стил на чевли.

Имено, поранешниот фудбалер носеше бели чорапи и влечки, па затоа беше мета на потсмев на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@davidbeckham) on



„За жал, сега ќе почнеш да мислиш дека можеш да носиш чорапи и влечки бидејќи си Бекам“, „Значи, треба да бидам Бекам за да можам да се појавам некаде во ова“, „Катастрофа“ се само дел од коментарите на Твитер.



Фото: Profimedia и Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

И на 45 години, Дејвид Бекам изгледа топ: На одмор во Грција со децата

Бекам ја откри тајната на својот долгогодишниот брак