Ден „Д“ за Македонија, на победа против Аргентина на мундијалот во Полска
Македонија против Аргентина вечерва од 18 часот го играа решавачкиот натпревар во групната рунда за пласман во втората фаза на Мундијалот.
По двата порази од Норвешка и Холандија , нашиот национален тим вечерва бара победа за прогрес во главната рунда без да пренесе бодови, во спротивно оди во Плоцк каде ќе се играат мечевите од Президент купот.
„Против Аргентина ќе биде главната битка за следна фаза, а ние мораме да победиме за пласман, тие се репрезентација со голем квалитет и играат цврст ракомет. Со квалитет сме тука некаде и мислам дека ако сакаме да победиме мораме да одиграме максимално квалитетно. Мораме да учиме од грешките", изјави селекторот Лазаров.
Дербото во нашата група се игра од 20-30 часот, Норвешка и Холандија играат за првата позиција.