Празници се ближат: Coca-Cola го најавува караванот што го прославува духот на Дедо Мраз во сите нас

Денес Cola-Cola ќе го одбележи почетокот на сезоната на празници на начин што само Coca-Cola може да го направи, со започнување на познатиот Coca-Cola Караван. За многумина, глетката на легендарниот Coca-Cola Караван претставува почеток на сезоната на празници.

Coca-Cola Караванот ќе започне на 15 декември во Скопје, ќе трае 8 дена и ќе посети 4 градови. Годинава, со Coca-Cola Караванот се слави „Дедо Мраз во сите нас“ ‒ основна тема на долгоочекуваната празнична кампања со која се прославува духот на љубезноста и дарежливоста оваа празнична сезона.

Речиси три децении, уште од првиот пат кога осамна на малите екрани со ТВ-реклама кон средината на 90-тите години, Coca-Cola Караванот стана моќна, видлива икона на празничната сезона низ целиот свет. Coca-Cola Караванот во нашата земја ќе се обиде да ги поттикне собирањето на пријателите и семејството и уживањето во празничната забава, секако, со чаша Coca-Cola.

Годинава, Coca-Cola Караванот ќе биде домаќин на нови активности со цел гостите да уживаат додека го разгледуваат новиот Coca-Cola празничен камион за оваа 2023 година. Тука се вбројуваат:

·Правење „селфи“  со Coca-Cola Караванот и споделување на фотографии на социјалните мрежи;

·Квиз „Дознај каков Дедо Мраз си“: Оваа година ги повикуваме посетителите да откријат каков тип на Дедо Мраз се, преку дигитален квиз и бесплатна Coca-Cola Zero од 0,5 л.;

·Место за добротворни активности: Посетителите ќе може да го посетат местото за средби со Црвениот крст, да дознаат нешто повеќе за активностите на Црвениот крст и да се вклучат во нивната волонтерска програма;

·Оброци: Посетителите ќе може да ја искусат празничната комбинација на оброци со локалниот партнер за оброци „Бистро Комедија“, кој ќе обезбеди празнични верзии на нивните познати менија;

·Подароци: Оваа сезона на празници, посетителите ќе можат да подарат персонализирано шише Coca-Cola на своите пријатели или партнери/ки;

·Празнична разгледница:Посетителите ќе може да изработат вистинска разгледница и да им ја пратат на нивните сакани;

·Одржливост: Места за рециклирање и материјали од рециклирана хартија.

Во текот на оваа сезона на празници, Coca-Cola Караванот ќе застане на следниве дестинации:

·Скопје‒15 и 16декември;

·Битола‒ 20и 21декември;

·Охрид‒ 25 и 26декември;

·Струмица‒ 29 и 30 декември.

Повеќе информации за дестинациите на Караванот може да најдете на следниот линк.

Црвениот крст исто така ќе биде присутен на Coca-Cola Караванот, со посебно наменет простор каде што ќе ги информира гостите на Coca-Cola Карванот за нивните добротворни активности и донации во земјата.

ПР објава