Денес за 350.000 евра можете да купите цело место, а не само куќа: Како една тажна појава ја разорува моќната европска земја?

На северозападот на Шпанија километри празнини ги прекинуваат само мали села со неколку камени куќи и црква.

 Јавниот превоз речиси не постои, а депопулацијата станува сè поголем проблем. Терминот España Vacía („празна Шпанија“) се користи за региони што забрзано ги напушта населението.

Депопулацијата почнала уште во средината на 20 век со миграција во градовите. Само помеѓу 2014 и 2023 година, рурална Шпанија изгубила 4,4% жители, додека вкупната популација на земјата пораснала за 2,6%. Денес 84% од територијата е рурална, но таму живее само 16% од луѓето.

За да се спречи изумирањето на селата, владата формираше посебно министерство и инвестира милијарди евра, а приватни агенции продаваат напуштени села на млади семејства и странци. 

Минатата година едно село кај Бургос беше продадено на холандски пар за 350.000 евра, кој планира да создаде еко-заедница.

Успешен пример е Villalibado – напуштено повеќе од 30 години, а денес обновено со ресторан, базен и црква од 12 век. Селото стана туристичка атракција и донесе живот и во соседниот Villadiego.

Иницијативата HolaPueblo од 2020 помогна 85 семејства да се преселат во рурални места и да отворат пекари, барови и работилници. Сепак, експертите предупредуваат дека локалните проекти сами не можат да ги изменат длабоките трендови – дел од општините ќе исчезнат поради недостаток на економска активност и ресурси.

Извор/Freepik