Дерби во Тетово, Шкендија овозможи бесплатен влез, Шкупи ќе има поддршка од 1000 „Шверцери“

Денес се играат средбите од 32 коло во ПМФЛ, дербито е во Тетово, Шкендија, како лански шампион, го пречекува новиот, екипата на Шкупи.

Шкендија забрани гостински навивачи, а ги отвори вратите за своите, влезот е бесплатен, се очекува во Тетово да биде полно, но ќе има околу 1000 навивачи на Шкупи.

Бесплатниот влез значи дека „Шверцерите“ ќе го искористат моментот, и ќе го „окупираат“ Тетово.

Средбата Шкендија-Шкупи се игра од 17 часот.