Design Icons – Настан кој го слави дизајнот во целата своја суштина: Спектакуларните дизајни од периодот на модерната сплотени во современ амбиент
Пријателите на дизајнот и уметноста, вчеравечер имаа единствена можност да присуствуваат на несекојдневен настан - „Design Icons“.
Се работи за настан-изложба на култен мебел дизајн од периодот на модерната. Големите имиња како Чарлс и Реј Имс, Ле Корбизје, Ханс Вегнер, Мис Ван Дер Рое со своите култни креации во галериски формат на Варшавска 1 во Дизајн Дистрикт салоните на „Каре“ и „Смарт Ливинг“.
Актуелноста, односно Zeitgeist-от со кој зрачат овие дизајни ги прави безвременски. Тој мебел од средината на 20 век е насекаде околу нас, тој е дел од космополитската култура. Епитом на современото живеење, дел од секој значаен ентериер или култна филмска сцена! Тука не се работи за трендови туку напротив, се работи за движечката сила зад трендовите.
Моделите како Archibald Lounge Chair, Eames Lounge Chair, Barcelona Chair, Shell Chair, Soft Pad Chair, Noguchi Table, се само дел од она што посетителите имаа можност да го видат во рамки на поставката.
Сето тоа со цел да се слави дизајнот!
- „Дизајнот треба да биде достапен “е максимата низ која фантастичните имиња на модерната Чарлс и неговата сопруга Реј Имс го изнесоа својот креативен потенцијал и создадоа безвременски дизајн за паметење. Секој сака да има „Имс Лонџ фотелја“ во својот ентериер. Но, ретко кој знае дека токму тој модел е дизајниран во 1956 година а сѐ уште е современа движечка алка во секој успешен проект! – велат Иван и Бојана Мирковски, сопственици на групацијата „Смарт Ливинг“ и застапници на македонската франшиза на германскиот бренд за мебел „Каре“.
Целиот дизајн спектакл кој ги сплоти иконите на модерната со современиот концепт на живеење,беше обвиткан низ тоновите на Теохаров, компанија за уметноста на звукот и тоа благодарение на системот Teoharov Active LoudSpeaker System II. Се работи за 4-системски звучник, во кој се вградени врвни материјали, DSP и по 4 засилувачи, со што беше овозможена врвна музичка репродукција. Воедно, беше прикажан и целосен аудио систем изработен како заеднички проект со Влатко Стефановски, во кој се имплементирани врвни материјали и аудио компоненти - со што е направен врвен спој на музика, наука и уметност.
Изложбата ќе биде отворена за посетителите до крајот на месецот, во Дизајн Дистрикт салоните на „Каре“ и „Смарт Ливинг“ на Варшавска 1, Тафталиџе.
*ПР објава