Спорт // Спорт
Дибала го предаде Јувентус, потпишал за Интер за помала плата
Пауло Дибала се договорил со Интер, ова го тврди „Газета дело Спорт“ која јавува дека Аргентинецот ќе игра за помала плата од онаа која бараше од Јувентус за продолжување на соработката.
Аргентинецот наводно во Интер ќе игра за плата од 6 милиони евра годишно, можно е да има и бонуси, на Јувентус му бараше 10 милиони евра.
Официјално овој договор ќе биде потврден до почетокот на јуни, според медиумите во Италија, генералниот директор на Интер, Бепе Марота имал клучна улога во преговорите и потврдата на договорот.