Дибиров и Манасков во кондициона офанзива

Не сакаат да попуштат! Со фуруозно темпо одат кон нови победи

За нашите ракометни репрезентативци нема одмор. Вардарци понесени од европската титула сега уште повеќе се посветени на тренинзите и на натпреварите кои ќе следуваат. 

Тимур Дибиров забрзано вежба, свесен дека само со труд можат да се постигнат резултати. Тој веќе почна со кондициони вежби, заедно со другите соиграчи од “Вардар”. Решен е да даде се од себе за наредните мечеви.

Скоро во исто време, тимот на “Веспрем” од Унгарија веќе три дена е на терен и со напорни вежби ќе се обиде да му парира на нашиот шампион. 

Дејан Манасков кој е дел од овој тим скоро две години активно почна да тренира. За него не постои изговор, па веднаш максимално се посвети на работата.

 И двајцата знаат дека времето лета, а резултати мора да се покажат.

Н.Т.