Дигестивни ензими – темел на здравиот метаболизам

Ензимите се биолошки активни протеини кои ги забрзуваат речиси сите биохемиски реакции во човечкото тело. Посебна група се дигестивните ензими кои учествуваат во сите фази на дигестивниот процес. Тие се создаваат пред се во панкреасот и овозможуваат храната да се разложи до најмалите компоненти, кои потоа се апсорбираат и транспортираат до сите телесни клетки преку крвта. Неопходни се за разградување на состојките на храната, кое започнува во устата и генерално завршува во проксималниот дел на тенкото црево. Дигестивните ензими вклучуваат протеази за варење на протеините, липази за варење на мастите и амилази за разградување на сложените јаглехидрати. Човечкото тело не го произведува ензимот целулаза, кој е неопходен за разградување на влакната и мора да се внесува во телото преку сирова храна. Нарушувањата во варењето на состојките на храната, односно нетолеранцијата на одредени состојки на храната се манифестираат со симптоми како надуеност, чувство на тежина, чести гасови, грчеви, нарушување на празнењето и сл.

Зошто се јавува недостаток на ензими? Губењето на ензимите во фазата на производство на храна се јавува поради употребата на пестициди и хемикалии во земјоделството, хибридизацијата и генетските модификации, употребата на кравјиот хормон за раст, додека во самата фаза на преработка и подготовка на храната ензимскиот дефицит се јавува заради пастеризацијата. , употреба на микробранови печки, готвење и печење на високи температури итн. Човечкото тело произведува околу 22 ензими, кои можат да ги сварат протеините, јаглехидратите и мастите, но прекумерното внесување на хидрогенизирани масти (пекарски производи) и заситени масти (месо и млечни производи) и стресот, без оглед на причината, доведува до намалено производство на овие ензими, а со тоа и до бројни здравствени проблеми. Недостаток на дигестивни ензими - може да биде поврзан и со разни болести на дигестивниот систем:малапсорпција и малдигестија, егзокрина инсуфициенција на панкреасот, целијачна болест,синдром на кратко црево (како резултат на обемни ресекции на дебелото црево.

До што доведува недостатокот на ензими во телото?

Недостатокот на ензими во организмот доведува до слабеење на имунитетот, чести бактериски и вирусни инфекции, намалување на нивото на шеќер во крвта, неправилно функционирање на бубрезите, задржување на водата, покачен холестерол, дебелина и хроничен замор. Многу луѓе имаат недостаток на ензими што им оневозможува правилно варење на одредена храна или групи на храна.Најраспространет дефицит на ензими е нетолеранцијата на лактоза, од која страдаат голем број луѓе.Неспецифични симптоми во дигестивниот систем како резултат на недостаток на ензими се: надуеност, дијареја, гасови, чувство на тежина во стомакот - особено по конзумирање на одредена храна.

Што можеме да превентивно да превземеме?

·Јадење на сурова (непреработена) храна

·Земање додатоци во исхраната кои содржат разни ензими за варење

Во кои случаи треба да користиме дигесивни ензими?

·Дигестивни болест - Надуеност, гасови, грчеви во стомакот, малапсорпција, улцеративен колитис

·Недостаток на ензими при стареење - содржината на стомакот станува алкална со возраста - нема тригер за лачење на секретин и лачење на панкреасните ензими

·Хипохлорхидрија – недостаток на HCL - недоволно варење – нема ослободување на витамини, минерали и други хранливи материи во стомакот

Ензимите во додатоците во исхраната можат да бидат од животинско, растително и микробиолошко потекло. Комбинација на повеќе ензими од иста категорија (како што се повеќе протеази, липази, амилази и целулази) ќе вари повеќе протеини, масти, јаглени хидрати и/или влакна. Повеќе ензимски мешавини се помоќни од едноставните соеви бидејќи тие ќе функционираат подолго во телото и на крајот ќе разложат повеќе храна. Комбинирањето на повеќе ензими од иста категорија обезбедува највисоко ниво на распаѓање на различна храна. Пример - не сите протеази можат да ги варат сите протеини. Колку повеќе протеази во мешавината, толку подобро ќе се варат разни видови протеини. Земете ги на почетокот на оброкот - ова ја обезбедува нивната максимална ефикасност во варењето на храната!

Мр.Фарм Соња Пецевска

Пр објава