dm drogerie markt со донација на живеалишта за миленици од 600.000 денари го одбележа Светскиот ден на животните

dm drogerie markt го одбележа Светскиот ден на животните во Градскиот парк во Скопје, со изложба на фотографии од кученца, и на кој ја претстави донацијата на живеалишта за миленици на четири локални прифатилишта за кучиња во Македонија во износ од над 600.000 денари. Настанот се одржа во просторот пред кафулето Central Park и на едно место ги собра сопствениците на миленици, љубителите на животни, стручен ветеринар и многу случајни минувачи кои се најдоа во паркот.
Просторот пред Central Park во саботата беше исполнет со љубов, радост и позитивна енергија, а dm drogerie markt се осигура дека од настанот подеднакво задоволни ќе си отидат посетителите, но и нивните миленици.
Како посебен дел од самиот настан беше организирана и акција за вдомување на животни, во која беа изложени имиња, фотографии и интересни факти за кучињата кои во моментов се згрижени во прифатилишта на Шепасти Ентузијасти, Кане Корзо, Хепи шелтер и Спаси Живот. Сите присутни беа информирани за ситуацијата на овие животни и dm ги повика да вдомат некое од нив доколку дома имаат услови за чување.
4ти октомври секоја година насекаде низ светот се одбележува како Ден на животните и служи како потсетник дека домашните миленици, но и сите останати животни, ја заслужуваат нашата љубов.
Dm drogerie markt токму од оваа причина уште еднаш ја потврди својата заложба дека е компанија која се грижи не само за луѓето, туку за целата заедница. Преку донацијата за згрижување на кучиња за четири прифатилишта за миленици dm испрати порака дека грижата за нашите крзнени пријателчиња почнува од нас самите, и од она колку сме ние подготвени да направиме за нив.
ПР објава