До 10 септември: Романсата ќе затропа на врата кај три знаци
Овен
Деловните обврски ви се собираат и имате впечаток дека нема да успеете да се изборите, но помошта ќе пристигне во оној момент кога најмалку ќе ја очекувате.
Бик
Вашето внимание насочете го на некои пријатни настани и не се оптеретувајте со негативни работи на кои не можете да влијаете.
Близнаци
Му замерувате на партнерот и му префрлате без причина. Не се оптеретувајте толку со малите работи, тој само ви подготвува романтично изненадување.
Рак
Имате нереални очекувања кога е љубовта во прашање. Никој не може да ги исполни вашите високи критериуми и вие се тешите дека ви е подобро без нив, но не е така, нели?
Лав
Ќе сретнете стара симпатија и тоа многу ќе ве усреќи, но мора да сфатите дека луѓето се менуваат и ќе имате впечаток дека дека ќе запознаете потполно поинаква личност.
Девица
Вашиот партнер точно знае што сака да оствари, додека вие се премислувате. Немојте тоа да влијае на вашата врска, пробајте да најдете баланс помеѓу овие две крајности, обидете се со роматика да ја освежите врската.
Вага
Изненадувањата се можни во разни правци. Доколку нешто не пробате, нема да знаете дали е добро или не. Премногу сте негативни, пробајте да се орасположите.
Шкорпија
Доживеавте големо разочарување, но одбивате да се соочите со тоа. Дајте си време на себе за да застанете на нозе, нема потреба да форсирате нешто што нема иднина.
Стрелец
Умеете да освоите нечии симпатии и немојте да дозволите да ви недостасува мечтаење или инспирација тогаш кога тоа е најпотребно.
Јарец
Ќе сретнете стара симпатија и ќе ви се укаже можност да продолжите онаму каде што сте застанале и тоа ќе ве направи многу среќни. Романсата повторно ќе затропа на вашата врата.
Водолија
Некој ви упатува љубовна порака и директно ви дава до знаење што мисли или што чувствува, но вие сте неодлучни кога е одговорот во прашање.
Риби
Љубоморни сте и сметате дека партнерот крие нешто од вас. Не носете нагли одлуки и решете го проблемот со разговор. Деновите од викендот почнувајте ги со добро утринско кафе. Сепак е викенд и време е за одмор.