Додека Новак губеше од Надал, од градите му излета крстот од Хиландар: Потоа се „разбуди“

Новак Ѓоковиќ водеше голема битка во четвртфиналето на Ролан Гарос против Рафаел Надал, кој многу подобро го започна мечот, а на крајот излезе како победник.

Првиот сет Шпанецот го доби релативно безбедно со 6:2, а во вториот сет поведе со 3:0 со два брејка.

Сепак, Новак успеа да се разбуди и да одигра како што се очекуваше од него и се врати во живот во вториот сет, бидејќи врза два брејка и повторно внесе неизвесност на овој дуел.

Во моментите кога Новак играше лошо и губеше, фотографите направија феноменална фотографија, бидејќи од градите на Новак излета крст, кој го носи околу вратот како амајлија, а тие кадри како симболично да најавуваа пресврт.

Ѓоковиќ успеа да се врати и да го освои тој сет, но подоцна по голема борба сепак ги загуби следните два сета и по четири часа голема битка сепак беше поразен.

Фото: Тањуг