Додека спиете, автомобилот ве вози!
Volvo откри автомобил што вози додека патниците спијат
Volvo го воведе концептот за нов футуристички модел на автомобили кој може да замени кратки летови и да воведе нови безбедносни стандарди кои би можеле да го забрзаат излезот на автономни автомобили на патиштата ширум светот.
Поточно, се работи за автономно возило 360 c што нема управувач и обезбедува дополнителен простор за повеќе патници. Така, возилото може да се прилагоди на различни потреби, а внатрешниот простор може да се претвори во подвижна канцеларија, забава и просторија за спиење. Поради неговата висока функционалност, се очекува овој модел во иднина да го намали бројот на локални летови на авионите, а со тоа да влијае на околината.
Возилото исто така вклучува голем број опции и светла што ќе овозможат да комуницира со други учесници во сообраќајот, дополнително да ја зајакнува безбедноста, како и ултразвучни сигнали што служат за да ги предупредат пешаците за возилото што доаѓа. Покрај тоа, пешаците секогаш ќе имаат предност пред автономните возила и со тоа ќе бидат побезбедни отколку во традиционалните услови во сообраќајот.
Иако автономните возила не се очекува да ги заменат традиционалните режими преку ноќ, 360 c би можеле веќе да се видат на патиштата до 2030 година.