ДОКАЖАНО: Навистина е бескорисно мажите да се расправаат со жените
Жените ги паметат деталите и фактите подобро од мажите и имаат повеќе епизодна меморија отколку посилниот пол.
Шведските научници направиле студија и откриле дека расправањето со жените е бесмислено, бидејќи тие имаат многу голема предност пред мажите.
Научниците од институтот „Каролина“ анализирале стотици материјали за да дојдат до заклучок. Во овие студија учествувале околу 1,2 милиони волонтери.
Понежната половина ги запомнува деталите и фактите подобро, што го прави скоро секој спор меѓу маж и жена целосно бескорисен.
Научниците анализирале стотици материјали за тоа како претставниците на двата пола се сеќаваат на епизодните информации. Излегува дека жените подобро ги запомнуваат фактите за тоа што се случило пред една недела, во секој детал. Дамите, исто така се сеќаваат подобро на лица и на мириси.
Меѓутоа, мажите имаат одлична меморија за информации поврзани со просторна обработка. Според научниците, единствената работа што може да ја наруши епизодната меморија е недостаток на сон, депресија или возраст.