Доколку сте ги забележале овие симптоми по вакцинацијата, веројатно е во прашање ноцебо: Еве што всушност значи
Повеќе од две третини од честите несакани ефекти на вакцината всушност не се последица на вакцината, туку ефект „ноцебо“, покажуваат резултатите од нова студија.
Според „Гардијан“, американските научници ги испитале податоците од 12 клинички испитувања на вакцините против Ковид и откриле дека 76 отсто од честите несакани ефекти се всушност последица на ефектот „ноцебо“ во првата доза од вакцината. Во втората доза, ноцебо ефектот е одговорен за несакани ефекти кај 52 проценти од луѓето кои примиле вакцината.
Што е ноцебо ефектот?
Спротивно на плацебото, ноцебото може да се окарактеризира како „злобниот близнак“ на плацебо ефектот, што значи дека ноцебо ефектот се јавува кога пациентот доживува негативни несакани ефекти од третманот само затоа што ги очекува.
Студијата спроведена од Медицинскиот центар Beth Israel Deaconess (BIDMC) во Бостон вели дека повеќето од вообичаените несакани ефекти, како што се главоболки, замор и болка во раката, всушност се производ на ноцебо, или фактот дека луѓето очекувале такво нешто - несакани ефекти.
Научниците кои дојдоа до овие податоци велат дека веруваат дека подоброто информирање на јавноста за ефектите од ноцебо може да го зголеми бројот на оние кои сакаат да се вакцинираат, бидејќи многу луѓе се двоумат токму поради страв од несакани ефекти.
- 12-те клинички испитувања што ги проучуваше тимот опфатија вкупно 45.380 пациенти. Од нив 22.802 ја примиле вистинската вакцина. Останатите 22.578 пациенти добиле плацебо, безбедна супстанција без терапевтска вредност, како што е солен раствор. Ниту еден од пациентите не знаел дали ја примил вакцината или плацебото. По првото инјектирање, 46,3 отсто од пациентите со вакцината пријавиле системски несакани ефекти кои го зафатиле целото тело, најчесто главоболки и замор. Поголем процент од пациентите, 66,7 отсто, пријавиле локален несакан настан, како што е болка или оток на местото на инјектирање, велат истражувачите, според податоците објавени во медицинското списание Jama Network Open.
Фото: фреепик