Доктор открива што значи вистинската љубов
Докторот Абрахам Тверски го објасни своето мислење за значењето на вистинската љубов..
Сите ние сме желни за љубов и се надеваме дека во текот на нашиот краток живот ќе ја запознаеме вистинската личност која ќе ни го овозможи тоа, но всушност, дали точно знаеме што е љубов и дали може да одредиме како вистинската љубов изгледа.
Докторот Абрахам Тверски, ја дефинира љубовта како „fish love“ и објаснува што е љубов во вистинска смисла на зборот и како да ја препознаете.
„Еден човек оди на риболов и вели дека го прави тоа бидејќи ги сака рибите. Тука се гледа парадоксот, тој ги сака рибите, но сепак ги лови, убива и ги јаде. Истата работа е и со љубовта во врските и браковите. Личностите велат дека се заљубени и дека сакаат некого, бидејќи ги гледаат само своите потреби. Ако сте во врска со некој кој ви овозможува сексуално и емоционално задоволство, тогаш вие велите дека го сакате и дека вам ви одговара, но поентата е дека всушност вие гледате само за себе. Тоа не е вистинска љубов.
Вистинската љубов е кога сте спремни да се предадете себеси за таа личност, кога ништо не ви е тешко да направите, љубовта е давање. Кога ќе престанете да мислите на своите потреби, и ќе се пренасочите кон потребите на таа личност, тогаш знаете дека сте заљубени и дека сте ја пронашле вистинската личност, бидејќи тоа е знак дека ја сакате повеќе од самиот себе.“ – изјави докторот, чие видео стана вистински хит на интернет.