Долна облека како на Роналдо има и кај нас: Квалитетот пред сѐ

Изборот на долна облека за Балканот, до неодамна (а за некои сè уште е) се засноваше исклучиво на два критериуми - удобност и носливост...

Првиот имплицира на безбедни и пријатни „гаќи“,  нема затегнување, стискање и други несакани ефекти што нервираат.

Под „носливост“ се подразбира сè што е хигиенски исправно, „гаќите“ треба да покријат, прикријат и топлат.

Сепак, времињата се сменија, иако сето ова погоре важи. Но, изборот е голем, па сега мажите можат да си дозволат малку поекстравагантни модели, но пред се квалитетни и практични.

Три совети за купување машка долна облека

1. Памук

Памукот е единствениот материјал од кој треба да се прави долната облека. Малку еластин е добредојден, но сè што содржи повеќе проценти од синтетиката не е пожелно бидејќи предупредува на неплодност, воспаление на кожата, осип, чирови и повеќе инфекции.

2. Модел

Боксерки или слип, што и да одберете, секогаш имајте на ум дека треба да ги изберете према намената и дали ви одговараат. Започнувајќи со втората категорија, треба да се грижите за вашата структура на телото, дали сте влакнести на препоните (ако избирате слип модел).

Кога станува збор за намената, ако ви се допаѓаат тесните боксерски шорцеви, или ако на вашата девојка или жена и се допаѓа, купете неколку парчиња кои ќе ги облекувате исклучиво за соблекување. Во принцип, премногу тесните боксерки се лоши за плодноста (забавување на циркулацијата), па најдобро е да купите неколку парчиња и да имате удобна и памучна долна облека за секојдневна употреба.

3. Боја

Повеќето од нас сакаат обоени алишта и навистина, има нешто заводливо во тоа. Сепак, треба да знаете дека најголем хигиенски ефект е перењето на долната облека на 90 степени, а на таа температура се перат само белите алишта. Значи, логиката е јасна - шарената е убава и не штети секако, но белата е здрава.

Советот е ист како и при изборот на модел - да се покаже ексклузивност, а за секој ден она што е здраво.

Бонус совет

Купете долна облека со горенаведените совети, во консултација со вашата драгоцена девојка или жена, затоа што таа треба да ве погледне во нив.

Кај нас има мал милион продавници, тезги и бутици со машка долна облека. Но, веќе знаете дека квалитетот е на прво место. Токму таквиот квалитет го нуди брендот за машка и женска долна облека „Бонати“ и тоа по одлични цени на новите колекции за есен- зима. 

А, неретко се случува да имаат слични боксерки и слип гаќи како што носат многу познати светски ѕвезди. 

На пример мега популарниот актер Џејмс Доријан:

Модерни и удобни машки слип гаќи со класичен крој и еластичен појас на половината

Цена: 369 денари

Или еден од најдобрите фудбалери на планетата, Роналдо:

Модерни и удобни машки боксерки, со класичен крој и еластичен појас на половината, со натпис. Погодни се за секојдневно носење.

Цена: 429 денари

Н.Т.