Донација од Вива за најпогодените клиники и институции од вирусот Ковид 19
По иницијалната донација на 13.03.2020 година на “Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби“ – Скопје, Вивакс како општествено одговорна компанија продолжува со своите активности за донирањеи подршка на најпогодените сектори во борба против вирусот Ковид 19.
Најголемиот производител на природни овошни сокови Вива- “Вивакс“ донираше производи од својот асортиман во количини од cca 11.000 сока во вредност од cca 380.000 денари за институциите кои се најпогодени од ситуацијата која ја донесе вирусот Ковид 19 (“Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби“ – Скопје, Градска општа болница “8ми Септември“- Скопје, Институт за јавно здравје – Скопје“, JЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести “Св. Наум Охридски“, Општа болница – Куманово).
Со оваа наша скромна донација сакаме да помогнеме и да ги охрабриме сите медицински лица кои се во првите борбени линии со вирусот и кои секојдневно се изложени на голем ризик.