Доналд Сатерленд замина во легендите: Беше еден од најпознатите холивудски актери кој никогаш не доби златна статуетка во својата кариера


На осумдесет и девет годишна возраст, замина и легендарниот актер Доналд Сатерленд. Дветот се збогува со актерот кој ќе остане запаметен по бројните маестрално одиграни улоги, за кои никогаш не доби златен Оскар.

Доналд ја започна кариерата кон крајот на 1960-тите, а некои од попознатите улоги се во следните филмови:

„Дванаесетте обележани“ (The Dirty Dozen)

„Не се врти“ (Don’t Look Now)

„Обични луѓе“ (Ordinary People)

„Гордост и предрасуди“ (Pride and Prejudice)

„Шест степени на одвојување“ (Six Degrees of Separation)

„Време за убивање“ (A Time to Kill)

„Игри со глад“ (The Hunger Games)

„До ѕвездите“ (Ad Astra)

„Слом“ (The Breakdown), и многу други.

Во текот на својата децениска кариера, овој актер има добиено бројни награди, но Оскар никогаш. Токму затоа, во 2017 година доби почесен Оскар за животно дело.

„Со тешко срце ве известувам дека мојот татко Доналд Сатерленд почина. Јас лично го сметам за еден од најважните актери во историјата на филмот. Никогаш не бил заплашен од некоја улога, без разлика дали тоа беше добра, лоша или грда. Тој го сакаше она што го работеше и го работеше она што го сакаше, не можете да барате повеќе во животот. Добро проживеан живот“, објави тој заедно со стара фотографија, објави неговиот син Кифер.