Драма во палатата: Меган Маркл ги обвини Камила, Чарлс и Кејт, во потготовка е и исрага за злоупотреба на персоналот

Можно ли е?

Во британската кралска палата започна вистинска војна помеѓу сегашните и поранешните членови на славното семејство, а вработените кои ѝ служеа на Меган Маркл наводно решиле да зборуваат за мобингот што го претрпеле од сопругата на принцот Хари.

Меган Маркл ги обвини Кејт Мидлтон, Камила Паркер и принцот Чарлс за сите грди приказни што кружат за неа и кои протекоа во јавноста во времето кога таа живееше во британскиот двор, пишува Дејли меил.

Овие обвинувања се појавија само неколку дена откако избувна нов скандал - дека вработените во палатата претрпеле вистински терор од поранешната американска актерка.

Палатата објави дека ќе се спроведе детална истрага за овој случај.

Меган ги негираше овие обвинувања, инсистирајќи на тоа дека Бакингемската палата им дала на новинарите лажни информации за неа. Многу деталите кои ги дадоа Меган и Хари во интервју за Опра Винфри, од која кралското семејство наводно стравува, особено поради здравствената состојба на принцот Филип, кој вчера беше опериран од срце.

Како ќе се одвиваат работите и како ќе продолжи или ќе заврши оваа „војна“, останува да видиме по преносот на интервјуто што го очекува половина свет. А ќе се пренесува утре.

извор:stil.kurir.rs

фото: Profimedia