Дружење како вежба на умот: Пријателите ве прават поздрави
Многу истражувања тврдат дека ќе бидете поздрави доколку имате повеќе пријатели. Еве на кои начини пријателите го подобруваат вашето здравје.
Помалку настинки
Една американска студија откри дека луѓето со повеќе друштвени врски се склони кон помал број на настинки. Кога истражувачите на учесниците им дадоа капки за нос кои содржат вирус, открија дека оние кои имаат шест или повеќе друштвени контакти (блиски пријатели и колеги) четири пати помалку се разболуваат од оние кои имаат еден до три пријатели.
Помалку стрес
Истражувачи од Универзитетскиот колеџ во Лондон го мереа нивото на кортизол (хормонот на стерс) кај учесниците од истражувањето, само 30 минути после нивното будење. На тој начин открија дека нивото на кортизол кај осамените луѓе е поголем за 21% отколку кај оние луѓе кои имаат повеќе пријатели.
Подобро когнитивно здравје
Дружење како вежба на умот: според една студија, колку почесто зборуваме со други луѓе, толку сме подобри на когнитивните тестотви. Според тоа, откриено е дека кај постарите жени кои барем еднаш дневно се гледаат со своите пријателки, ризикот од развивање на деменција е намален за 43% во споредба со оние кои само еднаш неделно комуницираат со пријателите. Тоа може да биде како резултат на друштвените интеракции кои помагаат при оформувањето на синаптичките врски, па така ја спречуваат деменцијата.
Низок крвен притисок
Луѓето со хипертензија кои им се отвараат на своите пријатели, подобро ја одржуваат својата здравствена состојба под контрола, велат истражувачите. Во друга студија пак, која траела 4 години, откриено е дека оние луѓе со најмногу друштвени контакти имаат најдобар крвен притисок.
Подобар сон
Во една американска студија истражувачите го надгледуваа начинот на спиење кај учениците. Откриено е дека оние кои имаат многу пријатели заспиваат во просек за 14 минути порано од оние кои имаат помалку пријатели или ги немаат воопшто.