Дуел на најбрзите автомобили на планетата: Американскиот Демон против британскиот „ѕвер“

Силата ја измерија на трка од 400 метри...

McLaren 720S и Dodge Challenger SRT Demon се двата најбрзи автомобили произведени на планетата. На „Демонот“ се вградени одредени модификации за да му парира на McLaren во брзината, а ниту McLaren не помина без преправки. Силата ја одмерија на трка за забрзување од 400 метри.

4 литарскиот мотор V8 на McLaren, со две турбини, помина одредени измени. Неговата сила е зголемена од 710 на 900 коњски сили. Кога се на трка, погонот на автомобилот е во задните тркала. Зголемувањето на коњската сила на моторот му даде застрашувачко забрзување.

Во соседната лента се наоѓа црвениот Dodge Demon со 6,2 литарски V8 мотор, 840 сили и вртежен момент од скоро 1.044Nm. Демонот забрзува од 0 до 100 километри на час за 2,3 секунди, а маневарот од 0 до 160 километри на час го надминува за 5,1 секунда. Растојанието до 400 метри со брзина од 225 километри на час го помина за 9,65 секунди. Благодарејќи на надградбата на турбополначот, системот за издувни гасови, доби 977 коњски сили. Погонот е исто така на задните тркала. 


Во првиот од двата дуела, Демонот подобро стартуваше.  McLaren сепак успеа да го достигне по трката на 400 метри, благодарение на помалата тежина. Британскиот автомобил забележа време од 9.069 секунди со максимална брзина од 250 километри на час. Денот дистанцата од 400 метри ја помина во време од 9.102 секунди и максимална брзина од 241 километар на час.

Во втората трка, која официјално не е регистрирана, бидејќи предните тркала на Демонот се кренаа во воздух, па возачот мораше да ја пушти ногата од педалата за гас, пишува CarScoops.