Дури и Турција ја започнува евакуацијата на своите војници од Кабул: Талибанците побараа од Анкара техничка помош за да можат да управуваат со аеродромот во Кабул
Турската армија започна евакуација од Авганистан, соопшти денеска Министерството за одбрана во Анкара.
Талибанците побараа од Анкара техничка помош за да можат да управуваат со аеродромот во Кабул, но тие исто така инсистираа Турција да ги повлече своите војници од Авганистан до крајот на месецот.
Владата во Анкара со месеци повторува дека ќе остане присутна на аеродромот доколку тоа го побара, откако Талибанците ќе ја преземат контролата над Авганистан.
Турција беше дел од мисијата на НАТО во Авганистан и се уште има неколку стотици војници на аеродромот во Кабул, пренесува Ројтерс.
Министерството за одбрана во Анкара објави дека турските вооружени сили гордо се враќаат, бидејќи ги исполниле доверените задачи.
Се тврди дека се водат разговори за обезбедување техничка поддршка на Талибанците, но не е познато дали Турција ќе се согласи со тоа доколку нејзините војници не се ангажирани во обезбедувањето на аеродромот.