Два нови луксузни часовници од Grand Seiko што не може секој да ги има
Секој модел е првенец на свој начин...
Grand Seiko има култен статус помеѓу колекционерите на часовници, не само поради својата експертиза во реалните механички и електронски модели. Токму на таа сцена доаѓа нивната врвна „Spring Drive“ технологија. Покрај механичкиот погон кој ја генерира енергијата, механизмот на овие часовници содржи и кварц регулатор, наместо федери или избалансиран тег, што гарантира дополнителна прецизност.
Со воведувањето на „Grand Seiko“ линијата во 2004 година, оваа технологија се појави во десет модели, вклучувајќи и два нови.
Првиот модел е Spring Drive GMT Caliber 9R66. Како дел од спортската колекција на овој бренд, новиот модел има 18 каратно злато во ротирачка база, што Grand Seiko за прв пат го креираше. Новиот модел чини 11.500 долари.
Другиот модел исто така одбележува уште еден првенец за овој бренд. Станува збор за часовник во лимитирани издание, креиран во партнерство со компанијата „Plano“. Овој часовник, Grand Seiko Spring Drive Limited Edition SBGE249 е препознатлив по својата дизајнерска естетика – сините GMT стрелки кои се контрасни на сребрено белиот бројчаник.
Рачно изработен, овој часовник е во органичен број од само 250 модели, со цена од 5.900 долари.