Две Балканки му го поматија умот: Нејмар љубеше многу згодни убавици, а години помина само со една (ФОТО)

Бразилскиот фудбалер често менува девојки, но со една помина дури пет години

Најдобриот и најпознат играч на бразилската фудбалска репрезентација, Нејмар, во моментов актуелен на Светското првенство во Катар љубеше многу светски убавици.

Згодниот бразилски фудбалер и фудбалер на „Парис Сен Жермен“ важи за вистински срцекршач и има долга листа на поранешни девојки.

Бруна Бјанкарди

Последната за која сигурно се знае дека била во врска со Нејмар е бразилската инфлуенсерка Бруна Бјанкарди, која почна да се гледа со фудбалерот во 2021 година, а во август 2022 година потврди дека повеќе не се заедно.

- Отсекогаш сум бил зафатена со мојата работа, како што знаете, но бидејќи постојано се шушка за мене, повеќе би сакала да си појаснам дека некое време не сум во врска. Не верувајте во сè што ќе слушнете. Тој и неговото семејство сè уште ми се многу драги - изјави Бруна на Инстаграм.

Како што пренесоа странските медиуми, се шпекулираше дека Нејмар ја изневерил Бруна со неименувана девојка на забава и затоа таа му раскинала.

– Таа се спакува и го остави пред зори – откри извор близок на парот.

Во деновите на нивната среќа Нејмар и Бруна беа неразделни, наводно се вериле, а Бразилецот во еден од ретките коментари за приватниот живот призна дека е среќен со убавицата.

Пред да ја запознае Бруна, Нејмар имаше многу возбудлив љубовен живот, а ова се само дел од жените со кои официјално беше во врска или со кои се шпекулира дека е...

Каролина Дантас

Првата девојка на Нејмар за која јавноста дозна е Каролина Дантас, која по врската со него стана ѕвезда на социјалните мрежи. Двојката беше заедно во 2011 година, на почетокот на неговата кариера, додека тој сè уште играше за бразилскиот „Сантос“, а се гледаа околу една година.


Потоа го добија синот Дави Лука, за кого денес заедно се грижат и имаат пријателски однос.


Барбара Еванс

Веднаш по Каролина, Нејмар го освои Плејбој убавицата Барбара Еванс, а оваа авантура траеше само еден месец.

Сепак, тоа на убавицата ѝ донесе голема популарност, па подоцна учествуваше во неколку реални шоуа во Бразил.

Бруна Маркезин

Најпознатата девојка на Нејмар беше бразилската актерка Бруна Маркезин, со која тој беше во врска од 2013 година. Поминаа пет години заедно и многу ретко се разделуваа, само поради деловни обврски, а папараците често ги гледаа како разменуваат нежности. Неколку пати раскинуваа, а се пишуваше дека Бруна го одбила предлогот за брак на Нејмар.


Очигледно и денеска по раскинувањето се во одлични односи.

Анита

Додека сè уште беше со Маркезин, Нејмар беше поврзуван со бразилската поп пејачка Анита во 2014 година, а заедно беа видени во многу ресторани и ноќни клубови во Рио де Жанеиро.

Талија Ајала

Отприлика во исто време, фудбалерот неколку пати беше фатен како се забавува со манекенката Талија Ајала на Ибица, па дури и повремено споделуваа заеднички фотографии на Инстаграм.

Сара Сораја Вучелиќ

Фото: Twitter

Како што пишуваа европските медиуми, Нејмар накратко се гледал и балканската старлета Сораја Вучелиќ. Наводно поминале некое време заедно на Ибица, а тогашниот фудбалер на Барселона, според овие тврдења, го праќал својот приватен авион по Сораја за да бидат заедно.

Џени Андраде

Гласините за наводната врска меѓу Нејмар и жената борец на УФЦ Џени Андраде првпат започнаа во 2015 година, кога заедно ја прославија Новата година. Самата Џени се пофали со нивни фотографии на Инстаграм и ги нарече Барби и Кен, а беше видена и на неколку натпревари на Нејмар. Сепак, врската траеше само неколку месеци.

Елизабет Мартинез

Познатата шпанска адвокатка и жестока поддржувачка на Барселона неколку пати беше видена со Нејмар, а наводно имале и страсна врска.

Наталија Барулиќ

Нејмар пред врската со Бруна Бјанкарди ја љубеше манекенката со хрватско потекло Наталија Барулиќ. Двојката се запознала во 2018 година, кога нејзиниот тогашен дечко Малума, познат колумбиски пејач, настапил на роденденската забава на Нејмар. Набргу потоа Малума и Наталија раскинаа, се шпекулираше дека причината е Нејмар, а убавицата демантираше сè.


Сепак, таа не можеше долго да крие дека има нешто помеѓу фудбалерот и неа, а во 2020 година конечно потврди дека Нејмар ѝ е ново момче, кога му го честиташе 28-от роденден. Само неколку месеци подоцна раскинаа, а таа во една прилика одговори дека повеќе не ѝ недостига.

Извор: glossy.espreso.co.rs