Дветете жени кои ја блокираа Македонија: Екатерина Захариева и Дора Бакојани
Бугарката само што излезе со соопштение дека во овој момент Бугарија не може да каже “Да” на преговарачката рамка, (за отпочнување преговори со РСМ) но се уште има шанса и се уште се бараат решенија, иако навистина се нема многу време.
Гркинката ја паметиме по ветото во 2008 година...
Екатерина Спасова Гечева-Захариева (родена на 8 август 1975 година) — бугарска политичарка која од 4 мај 2017 година ја извршува функцијата министер за надворешни работи на Бугарија. Таа била привремен заменик-премиер и министер за регионален развој од 2013 година.
Захариева е родена во Пазарџик во 1975 година. Дипломирала и магистрирала на Пловдивскиот универзитет по право.
Откако станала адвокат до 2003 година, таа станала и правен советник во Министерството за животна средина и вода. Влегувајќи во политиката во 2009 година, таа станала министер за регионален развој во владата на Росен Плевнелиев. Кога Плевнелиев станал Претседател на Република Бугарија, тој ја избрал за позиција како еден од замениците на премиерите од март до мај во 2013 година. Таа била заменик-премиер во владата на Марин Рајков.
Во 2013 година била министер за регионален развој. Од 18 декември 2015 година била министер за правда до 27 јануари 2017 година. Таа станала министер за надворешни работи на Бугарија на 4 мај 2017 година.
Дора Бакојани, родено име Теодора Мицотаки (родена на 6 мај 1954) е грчка политичарка, поранешен министер за надворешни работи на Грција и претседавач на ОБСЕ. Таа е и поранешен градоначалник на Атина. Таа е првата жена градоначалник на Атина во историјата на градот, единствената жена избрана за градоначалник на грчки главен град, и исто така прва жена која работела како министер за надворешни работи на Грција, највисоката позиција на која се нашла грчка политичарка досега.[
Бакојани е ќерка на поранашниот премиер на Грција, Константин Мицотакис.
На 29 март 2002, Костас Караманлис, барајќи начин да ја прикаже растечката моќ на неговата партија во однос на ПАСОК на локалните избори, ја избрал Бакојани за кандидат за градоначалник на Атина. Таа водела пред големиот број на кандидати, но не успеала да победи во првиот круг, па била избрана за прва жена градоначалник на Атина во 3,5-милениумската историја на градот, поразувајќи го нејзиниот социјалистички противник Христос Папуцис во вториот круг, освојуваjќи 60,6% од гласовите.
Како градоначалник, Бакојани била во многу голема мера вклучена во организирањето на Летните олимписки игри во 2004. Таа го предала олимпиското знаме на градоначалникот на Пекинг, а воедно била и првата жена градоначалник на град-домаќин на Олимписките игри.
По поразот на Нова демократија на Парламентарните избори и заземањето на власта од страна на ПАСОК, дошло до промена на раководството во партијата. Во текот на мај 2010 година, Бакојани била исклучена од партијата, наводно поради својата поддршка на спасувачкиот финансиски пакет кој и бил понуден на Грција во времето на финансиската криза. Поради ова, таа на 21 ноември 2010 година, ја основала новата политичка партија наречена Демократска алијанса. По формирањето на партијата, таа изјавила дека нејзината нова партија Демократска алијанса е со центристичко-либерална ориентација и ја определила како „независно демократско движење.
Потоа станува министерка за надворешни работи на Грција.
Сега пратеничка во грчкиот парламент.