„Двојна добивка за купувачите на недвижности: „Купи дом, освој стан“, револуционерна кампања од Golden Art“
„Golden Art го разбранува пазарот со уникатен предлог за сите потенцијални купувачи на недвижности. На подарок даваат нов стан во комплексот КАРЕДО, Карпош“
Еминентната градежна компанија Golden Art започна навистина несекојдневна кампања за прослава на 18-иот роденден на компанијата. Под слоганот „Купи дом, освој стан“, кампањата нуди уникатен предлог за потенцијалните купувачи на недвижност.
Од 24-ти јуни, секое лице кое ќе купи стан или деловен простор во некој од проектите на Golden Art автоматски влегува во извлекувањето на блескава награда - нов стан во преубавиот комплекс КАРЕДО на Golden Art лоциран во општина Карпош, Скопје.
Наградната игра трае до 23-ти јуни идната година, а извлекувањето на добитникот ќе се одржи на 26-ти јуни 2024 година и ќе се емитува во живо на социјалните медиуми на Golden Art.
Бонус е тоа што понудата на Golden Art е поширока од било кога. Потенцијалните учесници можат да бираат од огромна лепеза станови и деловни простории не само во КАРЕДО, Карпош, туку и во 4 СТЕПЕНИ Аеродром и останатите објекти кои наскоро ќе бидат отворени за продажба.
Вреди да се одбележи дека ваков концепт на наградна игра е сосема нов, потврдувајќи ги Golden Art како пионери во индустријата со ваквото вредно наградување на своите лојални клиенти.
Со оглед на тоа што купувањето имот традиционално е значајна одлука, се очекува кампањата „Купи дом, освој стан“ да има голем ефект и да ги привлече оние што размислуваат да купат недвижност, давајќи им дополнителна причина да ја финализираат својата одлука. Вистинска вин-вин ситуација за сите кои го чекаат вистинскиот момент за влез во инвестиција. Неверојатно примамлив предлог подготвен да го размрда пазарот на недвижнини во земјата.
За повеќе детали околу наградната игра и актуелната понуда на Golden Art, заинтересираните можат директно да контактираат со Golden Art на 071 225 888 и 075 225 888 или да ја посетат нивната веб-страница.
ПР објава