Џеф Безос нападнат на улица: Нападите кон милијардерот се нов хит на мрежите - ТикТок го укина видеото

Сопственикот на Амазон се најде во неочекувана ситуација кога двајца млади луѓе почнале да му дофрлаат од кафуле.

Еден од најбогатите луѓе на планетата и сопственик на Амазон, Џеф Безос, имал непријатна ситуација, кога неколку тиктокери му дофрлувале додека тој шетал по улицата.

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, но цензорите реагираа исто толку брзо и го повлекоа, под изговор дека „ја нарушува политиката на ТикТок за малтретирање на луѓе“.

Видеото, кое подоцна беше објавено на Јутјуб, може да се види и слушне како еден млад човек држи камера додека го прашува Безос: „Еј, Џеф, дали се чувствуваш лошо кога работниците на Амазон умираат во магацини“?

На видеото се гледа како Безос во тој момент се врти кон камерата, а потоа влегува во паркираното возило. Девојчето кое седеше на истата маса со Тиктокерот тогаш му рече: „Еј, Џеф, имаш „мрзливо око“. Да можеа само парите да го поправат тоа“.

На видеото што беше објавено по забранетото, Тиктокерот рече дека се надева дека неговото видео ќе започне серија „напаѓање на милијардери“.

Погледнете го видеото: