Џеј Зи и Бијонсе се сопственици на најскапиот автомобил на светот

Џеј Зи можеби е ултимативен њујорчанец, но тоа не го спречи да го прифати калифорнискиот начин на живот. Само погледнете го (наводно) најновиот автомобил што тој и Бијонсе го додадоа во нивната колекција. Според бројни медиуми, ова возило во моментов е најскапо во светот - Rolls Royce Boat Tail..

Инспириран од моделот Rolls Royce Sweptail од 13 милиони долари, Boat Tail е најстариот декадентен Rolls во моментов во светот. Должина од 5,79 метри, кабриолетот со морска тематика крие 6,75 литарски V12 под хаубата, нуди простор за четири патници и карбонски модуларен покрив што може да се трансформира во елегантно купе. Најимпресивниот елемент на овој модел се секако неговите партиции во задниот дел што се отвораат, и содржат фрижидер за шампањ, сет за излет Кристофл, коктел-маса со столици и чадор во целосна големина.

Од минатата недела, многу луѓе ширум светот шпекулираат дека Џеј Зи е сопственик на овој спектакуларен автомобил. Прво имаше написи дека новиот сопственик е Американец и дека тој и неговата сопруга се дел од музичката индустрија. Потоа, тука е и финишот на Azure Blue, што многумина го сметаа како омаж на ќерката на славната двојка, Блу Ајви, додека шлаг на тортата е ладилник за шампањ, кој е исполнет со шишиња Арман де Брињак, а Џеј Зи е ко-сопственик на познатата марка.

Ролс Ројс не сакаше да открие детали за сопственикот на овој автомобил, но потенцираа дека станува збор за славна личност. Ако Џеј Зи е сопственик на моделот Boat Tail, сигурно нема да се изненадиме.